Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каменос најави оставка ако македонското Собрание го одобри Договорот

0
By Нова ТВ on December 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коалицискиот партнер во грчката Влада, министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, нема да чека Договорот од Преспа да стигне во грчкиот Парламент, туку штом поминат и завршат процедурите во македонското Собрание, ќе си поднесе оставка и ќе се повлече од Владата, пренесува МИА од Атина.

-Ако продолжи и се изгласа Договорот од Преспа од страна на поранешната југословенска Република Македонија, јас ќе си дадам оставка од Министерството за национална одбрана, преземајќи ја целата тежина на оваа одговорност. Ќе се повлечам од Владата, рече Каменос од грчкиот град Лариса, во неговото обраќање во седиштето на воздухопловните сили и објасни дека како политички шеф на армијата, обврзан е да преземе одговорност и во однос на националните прашања.

Досега, ставот на Каменос беше дека ќе се повлече од Владата, кога Договорот од Преспа ќе стигне за ратификација во грчкиот Парламент, а не штом помине во македонското Собрание.

По средбите и активностите во седиштето на грчките воздухопловни сили, Каменос даде изјава за медиумите и откри дека при вчерашна посета на караулите им рекол на припадниците на грчката војска дека тоа можеби е и негова последна посета.

На новинарско прашање, Каменос ги коментираше и последните изјави на македонските политичари.

-Мило ми е за овие провокации, бидејќи се токму карактерот на раководството на ПЈРМ. Нивните континуирани, иредентистички провоцирачки изјави ги потврдуваат оние кои велевме дека не можат да се покријат со превезот на еден договор, кон кој не можат да се придржат, рече Каменос и повтори дека неговата цврста позиција е дека не може да прифати никаков договор што го содржи терминот Македонија.

Во однос на тоа кога би се одржале избори во Грција, дали би биле предвремени или регуларни, грчкиот министер за одбрана рече дека според него тоа не треба да се случи набргу, а за земјата најдобро ќе биде избори да има по завршувањето на четиригодишниот мандат. Истакна дека и покрај договорот со СИРИЗА во коалиционата влада, „скопското прашање дојде порано од планираното“.

-Сфаќате дека постојат некои прашања кои се „црвена линија“ за нас и не можам јас, како политички шеф на вооружените сили, но и поради позицијата што јавно ја зазедов од почетокот на мојата политичка кариера, да прифатам да останам министер за национална одбрана и во исто време, да потпишам за предавањето на терминот „Македонија“. Јас никогаш нема да го сторам тоа. Ќе се борам, со сета моја сила, да сфатат сите, а особено странците, дека Грција ја има сета добра волја да се најде решение. Ние не сакаме војна со никој, но сакаме да сфатат дека со една пропаганда што започна од времето на Мусолини и Тито, не можат да ја оспорат историјата на грчката Македонија, рече Каменос, пренесе МИА

Договор Преспа Каменос оставка Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.