Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Камерон и се заканува на ЕУ

0
By Нова ТВ on January 23, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 23, 2013 11:08

Доколку Европската унија не спроведе длабоки реформи, Британија би можела да излезе од членството, порача британскиот премиер Дејвид Камерон.

Говорот на Камерон беше пропратен со остри реакции од Брисел.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, вети дека доколку на наредните избори во 2015 година победат неговите конзервативци, ќе биде свикан референдум до 2017, за излегување на земјата од ЕУ.

Камерон порача дека Британија не сака да постави мост помеѓу Островот и континентот, ниту да се повлече од светот, но јавноста да се освести по прашањето за ЕУ.

“Време е британскиот народ да го каже своето мислење. Време е да го решиме прашањето Британија – Европа” – рече Камерон

Резултатите од неодамнешните анкети покажаа дека Британците се за излегување од ЕУ, бидејќи сметаат дека Брисел се меша во внатрешните прашања на земјата, и се расфрлаат со пари во време кога треба да се воведат мерки за штедење

Бројни европски лидери и функционери преку Твитер остро ја критикуваа идејата на Камерон.

“Не треба Британија да не гледа надмено, туку како полноправен член”, напиша претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт, се надоврза со зборовите “едно е да се биде флексибилен, а друго е да се бара ЕУ со 28 брзини. Тоа не би било ЕУ, туку хаос”, објави Билт на својот Твитер профил.

На реакциите се приклучи и неговиот француски колега Лорен Фабијис, кој го предупреди Камерон дека “ЕУ не е мени од кое секој нарачува она што го сака.”

Американсиот претседател Барак Обама, минатата недела нагласи дека “САД поддржува цврста Велика Британија во цврста Европска унија.”

Лидерот на Лабуристичката партија Ед Милибанд пред говорот на Камерон рече дека тоа ќе го дефинира како слаб премиер, понесен од неговата партија, а не од националните економски интереси. „Единствената работа која е променета од минатиот референдум во Октомври 2011, е губењето на неговата контрола врз партијата, и е премногу слаб да работи за доброто на нацијата”, порача Милибанд.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.