Британците не се задоволни од “статус кво“ ситуацијата во ЕУ, и на Унијата и се потребни реформи, му порачал британскиот премиер Дејвид Камерон на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.
Разговорите кои ги воделе Камерон и Јункер се однесувале на реформи во ЕУ и анализа на односите Велика Британија и Брисел.
Како што најави Камерон, тој планира да распише референдум за членството на Британија во ЕУ до крајот на 2017 година. Тој рече дека неговата земја ќе остане само во една реформирана Европска унија.
Британскиот премиер има закажано мини караван низ главните градови на Данска, Холандија, Франција, Полска и Германија каде што ќе ги презентира своите ставови за ЕУ, а се надева дека ќе оствари средби со сите лидери на 27-те земји членки пред состанокот на Европскиот совет кон крајот на јуни.




