Легендата на Камерун, фудбалерот Ригоберт Сонг се бори за својот живот откако доживеал мозочен напад.
За таа цел, фудбалерите од светот се солидаризираат во својата поддршка.
Пораки за брзо заздравување за Сонг испратија и еден од најуспешните фудбалери во историјата на Камерун, Самјуел Ето и легендарниот напаѓач на Ливерпул, Роби Фаулер.
Порака за солидаризирање со некогашниот капитен на репрезентацијата и поранешен член на тимот, испрати и фудбалскиот клуб од Турција, Галатасарај.
Сонг го држи рекордот со 137 репрезентативни настапи за својата земја а во октомври минатата година за прв пат седна и на тренерската клупа како селектор на репрезентацијата на Чад.