Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќамил  Ибраими од БЕСА е нов директор на Агенцијата за лекови

0
By Менче Атанасова Точи on October 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ќамил  Ибраими е новиот директор на Агенцијата за лекови. Тој во средата официјално ја презема раководната функција, откако на владина седница беше разрешен претходниот директор Роберт Бекироски. Ибраими е кадар на БЕСА, по партиските преговори за проширување владината коалиција со што ова место и припадна на оваа партија.

Ибраими е фармацевт и професор на Универзитетот во Тетово. Во неговата биографија нема многу податоци за неговата професионална кариера. Тој е доцент на ДТУ по фармација. Докторирал во Тирана на Факултетот за медицински и технички науки на тема „Фармакокинетика и динамика на кардиалните гликозиди во срцевата инсуфициенција“.

Своето работно искуство го градел како управител на неколку аптеки и во претставништвото на една странска компанија.

Ќамил Ибраими, новиот директор на Агенција за лекови

Засега, нема официјални информации на која работна позиција ќе биде распределен претходниот директор Роберт Бекироски, кадар на СДСМ.

Неофицијално, за него се подготвуваат измените на Законот за лекови со цел да се отвори законска можност за именување на заменик директор во Агенцијата за лекови.

Како што веќе објави НОВА подносител на барањето за измени на законската регулатива е Министерството з а здравство.

Предлог -законот за изменување и дополнување на лекови и медицински помагала во средината на минатиот месец беше објавен на Енер на Влада, алатка преку која преку доставување предлози, мислења и забелешки можат навремено да се вклучат засегнатите страни во креирањето на регулативата, но се уште не поминал во Собрание.

Робер Бекироски, екс директор на Агенција за лекови

Во  Предлог законот стои дека “од досегашното искуство во примената на Законот во делот на работата на директорот и функционирањето на Агенцијата се констатира дека, заради непостоење на заменик, во случај на отсуство на директорот, се јавува проблем во ефикасното вршење на работите“.

Сепак, Законот за лекови во член. 4, стои дека во отсуство на директорот, тој заменик бира од редот на вработените.

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.