Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кампања: „И зборовите повредуваат“ „Булинг? НЕ во моето училиште!“

0
By Нова ТВ on September 21, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Академик.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 21, 2018 14:20

Детската амбасада „Меѓаши“ денеска ја започна кампањата против врсничкото насилство, која ќе се одвива во текот на целата учебна година на национално ниво под слоганот „И зборовите повредуваат“, а за училиштата под слоганот „Булинг? НЕ во моето училиште“.

– Целта на кампањата ќе биде препознавање, навремено и соодветно реагирање на различни случаи врсничко насилство. Врсничкото насилство не е прифатливо и не смее да се третира како „деца се, се караат па ќе се смират“, наведуваат од „Меѓаши“.

Кампањата ќе се насочи и кон здружено градење средини кои нема да бидат толерантни кон врсничкото насилство и кои ќе реагираат на овие појави, воедно и превентивно делување, но и итно реагирање кога насилството се случува.

Кампањата ќе се фокусира на тоа што е булинг, од каде потекнува и кого засега, кој е кругот на меѓуврсничкото насилство, кои се улогите на учесниците во чинот на насилство, како да го искорениме, кој е одговорен, како да создадеме училишта без насилство, кои се превентивните чекори кои во училиштата може да се преземат, а кои во случаи кога има инцидент на насилство.

– Свесноста дека постои насилство и неговото препознавање е само прв чекор во справувањето со овој проблем. Сакаме долгорочни и адекватни стратегии кои градат училишта и општество нетолерантни на насилство, додаваат од „Меѓаши“.

Кампањата против врсничкото насилство ќе добие зголемена јавна видливост преку поставување 35 билборди и 15 Сити лајт постери во повеќе градови низ Македонија – Велес, Скопје, Дебар, Гостивар, Виница…, краток видео клип што ќе се објавува на социјалните мрежи, телевизиите, радио станиците, дистрибуирање материјали за учениците од вклучените училишта во програмата за Мировно образование при „Меѓаши“ со содржини кои го промовираат ненасилството и поттикнуваат подобро меѓусебно разбирање.

Дел од промотивните материјали се објавени и на албански и турски јазик, а во текот на учебната година ќе бидат објавени и на јазиците на другите етнички заедници.

Во рамки на кампањата преку целата учебна година ќе бидат одржани серија обуки за наставните кадри на тема „Булинг“ и како да се превенира и работи на намалување на врсничкото насилство и последиците од истото.

Во училиштата ќе се одржуваат активности, работилници, форум театри, танц театри, дискусии на темата „Булинг“, а исто така ќе биде објавен и прирачник за наставниците.

Во рамки на другите печатени материјали децата ќе имаат можност да се запознаат на повидлив начин со ЅОЅ контактите за деца и млади при „Меѓаши“ – 0800 1 2222 бесплатна телефонска линија (само преку фиксен телефон).

„Меѓаши“ ги повикува сите училишта во земјава да се вклучат во кампањата против врсничко насилство и прилагодено на детската возраст да разговараат на тема врсничко насилство или самите да осмислат адекватни активности.

булинг кампања Меѓаши
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.