Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кампања: Македонија со љубов за Алепо

0
By Нова ТВ on March 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 13, 2017 14:07

Здружението на граѓани Легис и Првата детска амбасада во светот Меѓаши започнаа кампања за помош на бегалците кои се лоцирани во кампови на граничната зона на Турција со Сирија.

Еден дел од кампањата е насочен кон собирање финансиски средства од граѓаните/ките и од бизнис секторот, а другиот дел кон подигање на јавната свест, особено кај помладата генерација.

– Целта е да ја подигнеме свеста особено на помладите во воспитно образовните институции, децата, учениците за состојбата во која се наоѓаат нивните врсници од Сирија и воопшто бегалците, потребата од солидарност и помош на луѓето кои страдаат од војна. Зборуваме за луѓе, деца кои ги загубија своите домови и речиси сè што имаат.

За жал, поради актуелната општествено политичка состојба во која се наоѓа Република Македонија, особено состојбата на младите и децата, една од пораките која ја упатуваме е до лидерите на политичките партии, родителите, старателите, наставниците, здруженијата на граѓани: да НЕ дозволиме историјата на Република Македонија и земјите околу нас да ни се повтори. Потсетуваме на слични конфликти и војни во Босна и Херцеговина 1992-1995, во Косово 1999-2000 и конфликтот во Република Македонија во 2001. Гледаме што се случува со децата во Сирија. За нив организираме помош на солидарност со здружението Легис, за да им помогнеме! Да НЕ дозволиме утре тоа некој друг да го прави за децата од Македонија!, се вели во пораката.

Од обете организации потсетуваат дека граѓаните ќе можат да донираат парични средства онлајн, во кутиите подготвени и распоредени по френкфентните супер маркети, како и на жиро сметка која ќе биде дистрибуирана деновиве во дневните и неделните весници.

– Со собраните средства сакаме да пратиме заедничка симболична хуманитарна помош од граѓаните на Македонија до децата бегaлци од Сирија, се вели во соопштението.

 

кампања Легис Македонија за децата од Алепо Прва детска амбасада во светот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.