Published: Wednesday, December 31, 2014 10:44
Убиени се осум луѓе, меѓу кои и две деца во поврзани пукотници во градот Едмонтон во Канада, по што убиецот на крајот се самоубил, пренесуваат канадските медиуми.
Овие убиства се извршени на три различни локации, но се поврзани, иако не се знае мотивот.
Како што известува шефот на полицијата во Едмонтон, меѓу жртвите имало три жени, двајца мажи и две деца, кои биле пронајдени во иста куќа.
Понатаму е пронајдено уште едно женско тело.
Сè почнало во јужниот дел на градот каде еден маж убил една жена. Тој потоа се упатил на северот на градот каде убил уште седум лица.
Убиецот, чиј идентитет не се открива, извршил самоубиство во североисточниот дел на Едмонтон, а мотивот на злосторството не е познат.




