Published: Friday, August 10, 2018 15:42
Канадската полиција соопшти дека го уапсила осомничениот кој пукаше и уби најмалку четири лица во источниот град Фредериктон, Њу Брансвик.
Од нив двајца се цивили, а двајца се полицајци.
Ситуацијата се уште се третира како „активен инцидент“ и им се советува на жителите да останат во своите домови.
Полицијата објави дека истрагата е во тек и нема други детали за трагичниот инцидент.
Во реонот каде се случи инцидентот покрај приватни домови има и неколку деловни објекти.
Во Торонто минатиот месец маж уби две лица и повреди 13, а потоа се самоуби.




