Published: Saturday, December 16, 2017 11:11
Милијардерот и филантроп од Торонто, Бери Шерман, основач на фармацевтската компанија „Апотекс“, и неговата сопруга беа пронајдени мртви во својот дом во градот Торонто.
Полицијата нивната смрт ја третира како сомнителна и како таква и се третира истрагата- Дејвид Хопкинсон, како претставник на полицијата изјави дека „околностите околу смртта на милијардерот и неговата се сомнителни и во тек е истрагата за случајот“, јавува Си-Ен-Ен.
Компанијата на Шерман се наоѓа меѓу седумте најголеми компании во областа, со годишен приход од повеќе од 2 милијарди канадски долари.
Парот имал четири деца. Канадскиот премиер Џастин Трудо упати порака со сочувство преку социјалната мрежа „Твитер“.




