Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Канческа: Гласав за уставните амандмани поради иднината на државата, а не да уценувам

0
By Нова ТВ on January 15, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 15, 2019 16:22

Поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска Милевска по  рочиштето за случајот “Тендери” негираше дека се пазарела со власта и дека гласала за уставните измени за да издејствува измени во Кривичниот законик и  да се спаси од обвинение.

„За ова се што ви говорам можете да ја потврдите информацијата и до премиерот да се обратите, да видите дека ова што ви го говорам е точно така. Значи ниту сум барала нешто да ми се реши, ниту пак сум уцената од негова страна, ниту пак јас сум уценила некој друг во однос на сето ова. Така да сево ова може да го проверите и да се уверите во ова што ви го велам“, рече Елизабета Канческа – Милевска.

Таа додаде дека гласала за уставните амандмани откако направила сериозна анализа за иднината на државата.

„Не би си дозволила никој да ме уцени ниту пак јас да уценам некого во однос на нешто што го сметам највисок државен интерес. Секој што ме познава  знае дека одлуки носам врз основа на сериозна анализа на состојбите, поготово во моментов една сериозна анализа за она што и е непходно на државата да продолжи напред и да се вклучиме во нешто што има национален консензус во нашата држава, а тоа е интеграцијата во НАТО и ЕУ“ рече Елизабета Канческа Милевска – обвинета во случајот “Тендери”.

Случајот Тендери продолжи со изведување на докази. Денеска беа сослушани двајца сведоци по предлог на обвинителството, кои во 2011 година биле вработени во Јавното станбено претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Следното рочиште за овој предмет е закажано за 25ти јануари.

Во случајот „Тендери“  првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.

Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

 

Канческа тендери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.