Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Караџиќ осуден на доживотна казна затвор

0
By Нова ТВ on March 20, 2019 СВЕТ
Фото: ЕПА/РТС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 20, 2019 15:15

Жалбениот совет на Механизмот за кривични судови во Хаг му изрече доживотна казна затвор на бившиот претседател на Република Српска Радован Караџиќ, за злосторства против човештвото, кршење на законите и обичаите на војување во Босна и Херцеговина.

Се работи за второстепена пресуда. Со првостепената Караџиќ во 2016 година беше осуден на 40 години затвор. Жалбениот совет смета дека казната од 40 години е неадекватна со тежината на кривичните дела на Караџиќ, како и дека казната на претресниот совет е неразумна и неправична.

Жалбениот совет делумно прифати само една од жалбите на Караџиќ на пресудата, а ги одби сите останати, меѓу кои и за неговата одговорност за „масакрот во Сараево“, „тероризирање на Сараевчани“,  за злосторства во 20 босански населени места, како за „неправично судење“.

Жалбениот совет ја потврди намерата на Караџиќ да учествува во здружен злосторнички потфат за злосторствата во Сараево.

Жалбениот совет укажа дека Караџиќ не покажал дека постои грешка во делот на првостепената пресуда која се однесува на намерата да се стори геноцид во Сребреница и дека знаел за злострствата во Кравица.

Исто така Жалбениот совет не нашол грешка во заклучокот на провстепената пресуда во врска со прогонот на Бошњаците од подрачјето на Сребреница. Судијата рече дека одбраната на Караџиќ не успеала да докаже дека не постоела намера за геноцид.

Караџиќ беше уапсен во Белград на 21 јули 2008 година, а девет дена подоцна беше екстрадиран во Хаг. Тој долги години се криеше во Србија под лажен идентитет Драган Дабиќ, доктор по алтернативна медицина.

Неговото судење започна во октомври 2009 година и заврши со првостепена пресуда во март 2016 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.