Претседателот на Хрватската демократска заедница, Томислав Карамарко предупредува дека на неговата земја може да и се случи “грчко сценарио“ доколку и понатаму ја воделе “лажни левичари и лажни социјалдемократи“.
– Хрватска се наоѓа пред влезот на “грчкото сценарио“ во режија на лажната левица, лажните социјалдемократи. Тие во власта така се однесуваат, а нивните грчки колеги им станаа пример, и тоа они кои цело време зборуваа а на крајот ги прифатија условите на ЕУ, изјави Карамарко.
Според него, актуелната влада не ги сфаќала проблемите на хрватскиот народ. Тој вели, ХДЗ е единствената партија која можела да ги реши сите проблеми во Хрватска.
Тој на партиски собир во Велика Горица, зборувајќи за одбележувањето на полициската акција “Олуја“, во која 250.000 Срби беа протерани а неколку илјадни убиени и исчезнати, рече дека парадата била измислена работа за да се задушат народните веселби и младинските.
Хрватска, Денот на победата, ќе го одбележи на 4 и 5 август со парада во Загреб.




