Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каранфилова Пановска: Европскиот пат е закочен – Владата ја турка земјата во изолација

0
By Zoran Ivanov on March 25, 2026 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 25, 2026 16:21

Оваа влада на ВМРО и на Мицкоски свесно сака да ја држи Македонија изолирана од евроинтеграциските процеси, затоа што веројатно членството во ЕУ не оди на линија на начинот на владење кој што сака да го демонстрираат и на начинот на кој што ги користат јавните ресурси, нагласи заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во интервју на Македонската радио-телевизија.

Каранфилова Пановска предупреди дека државата на тема евроинтеграции веќе подолг период се наоѓа во ќорсокак, а владата на ВМРО не исполни ништо од тоа што го ветуваше во предизборната кампања.

Веќе две години оваа власт која што дојде со ветувања дека ќе обезбеди подобра преговарачка позиција, ќе обезбеди гаранции, ќе ги преименува или ќе ги раскине договорите со соседите, не прави апсолутно ништо друго, освен што ги влошува намерно добрососедските односи и со Грција и со Бугарија и не прави ништо да ги спроведува реформите дома, за што доаѓаат веќе забелешки во официјални извештаи и на Европската комисија и на Европскиот парламент. Уште помалку прави нешто за да го консолидира граѓанството и политичките фактори за да може да се пристапи кон она што е очекување и барање од актуелната преговарачка рамка, а тоа се уставните измени, рече Каранфилова Пановска.

Таа додаде дека власта со досегашните политики за евроинтеграции јасно покажува дека не сака да ги спроведе потребните услови за државата да продолжи по европскиот пат.

„Во таква ситуација, во ситуација кога вие ги имате сите полуги на располагање, од администрација до две третини во Собранието, да не ги спроведувате реформите, да не покажете интерес како да го одблокирате евроинтеграцискиот пат, не покажува ништо друго, освен дека оваа влада не сака тоа да го направи“, рече Каранфилова Пановска.

Оттука, како што кажа Каранфилова Пановска, се поставува прашањето кој ќе сноси одговорност прозорецот за можноста за овој бран на проширување на Европската Унија ќе се затвори.

Кога ќе ги видиме како полноправни членки на Европската Унија, Албанија и Црна Гора, а сите други држави од соседството, поранешно, Украина и Молдавија, напреднати во преговарачкиот процес, ќе ги користат европските фондови, а Македонија ќе седи затворена овде како црна дупка, кој ќе ја сноси одговорноста за тоа што овие млади што денеска се заминуваат уште толку ќе заминуваат. Кој ќе сноси одговорност што нашите институции нема да се реформираат, затоа што фондовите кои што треба да ги користиме како гранд пари, нема да ги искористиме, и затоа што странските инвестиции, бидејќи сме непредвидлив регион, кој што не гарантира никаква стабилност, и оние што сега си одат, уште повеќе други воопшто нема да дојдат, рече Каранфилова Пановска, додавајќи дека за блокирањето на европскиот пат, владата на ВМРО и на Мицкоски ќе сноси сериозна одговорност, а времето, тоа ќе го покаже.

 

каранфиловска пановска СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.