Поранешниот шеф на шведската дипломатија, Карл Билд кој од вчера е во Скопје денеска ќе има средби со политичките лидери. Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов изјавија дека е побарана средба со него, но дека тој веќе имал  друга агенда за денеска.

-Нема изгледи за крај на уставната криза во Скопје. Разликите во ставовите помеѓу политичките партии се сè подлабоки. Ситуацијата е мошне сериозна, напиша Билд вчера на својот Твитер профил, коментирајќи ја политичката ситуација во земјата.

Официјално не е соопштено во каква мисија доаѓа Билд. Тој на Твитер најави дека е во Скопје во рамки на тинк тенк организацијата Европски совет за надворешни работи.