Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Карванот за вакцинација против ковид-19 почна од Шуто Оризари, а завршува во Струга на 3 април

0
By НОВА ТВ Balaban on March 21, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 21, 2022 16:07

Јас се вакцинирав против ковид-19 затоа што вакцините се безбедни и ефикасни. Научните факти јасно докажуваат. Како што кажа министерот, пандемијата не е завршена и мора да продолжиме да го комунираме ова, рече амбасадорката на САД, Кејт Брнз  

Министерот за здравство Беким Сали, амбасадорката на САД Кејт Брнз, претставници од СЗО и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани ја посетија првата од 14-те локални заедници каде што ќе помине караванот за вакцинација против КОВИД-19 во следните две недели. Караванот ќе патува низ целата држава за да им ги приближи информациите за вакцините и самите вакцини на граѓаните од избраните локални заедници.

– Уште еднаш сакам да потенцирам дека одлуката за вакцинирање не треба да се одложува. Како држава обезбедуваме доволно количини вакцини кои се сигурни и безбедни и се достапни на сите граѓани во државата. Сите заинтересирани граѓани може да се вакцинираат на 14-те локации од организираниот караван, а секој работен ден и во најблискиот Здравствен дом. Вакцините се побезбеден начин за развивање имунитет кон Ковид-19, отколку заразување со вирусот и докажано нудат посигурна заштита од природниот имунитет. Исто така, вакцининирањето е многу важно во контекст на олабавување на заштитните превентивни мерки – колку повеќе луѓе се вакцинираат, толку ќе бидеме подобро заштитени како заедница, изјави министерот за здравство Беким Сали.

Со вакцини против КОВИД-19 досега безбедно се вакцинираа милијарди луѓе ширум светот. Сите вакцини поминуваат низ ригорозни проверки и независни проценки со цел да се осигура нивната безбедност и делотворност.

– Јас се вакцинирав против ковид-19 затоа што вакцините се безбедни и ефикасни. Научните факти јасно докажуваат. Како што кажа министерот, пандемијата не е завршена и мора да продолжиме да го комунираме ова. Затоа ми е многу драго што сме партнери на овој проект. Овој караван не само што ќе помогне да ги донесеме вакцините во заедниците, поблиску до луѓето на кои им се потребни, на најраниливите и оние кои се во поголем ризик, туку ќе ги направи попристапни и информациите кои им се потребни“, рече амбасадорката на САД Кејт Брнз.

Омикрон варијантата навидум предизвикува полесни симптоми во споредба со варијантата делта, особено кај оние кои се вакцинирани, но не треба да се потценува. Луѓето заразени со омикрон можат да завршат во болница, а има и смртни случаи. Се очекува дека луѓето кои биле заразени исто така може да развијат т.н. „долг ковид“. „Бустер“ дозите можат да обезбедат континуирана заштита од тешка форма на болеста КОВИД-19 и од смрт, како и да помогнат луѓето да развијат максимална заштита од сите варијанти на вирусот познати во моментот. 

–Најголемиот број лица кои се хоспитализирани или умираат поради КОВИД-19 се невакцинирани или нецелосно вакцинирани – за овие лица КОВИД-19 останува болест опасна по живот. Со овој караван сакаме да допреме до луѓето, да ги обезбедиме информациите кои им се потребни, да ги слушнат од луѓе на кои им веруваат и да се погрижиме вакцините против КОВИД-19 да бидат лесно достапни. Зошто да го ризикувате својот живот, кога се потребни само неколку минути за да го спасите? Вакцинирајте се кога караванот ќе дојде во вашата заедница, рече д-р Ане Јохансен, специјален претставник на СЗО Европа за Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје.

 

Пандемијата е далеку од завршена. Ова значи продолжување на мерките за јавно здравје и лична заштита за кои знаеме дека функционираат, вклучително и вакцинација против КОВИД-19. Вакцините се направени да спречат тешка болест и смрт и тие се многу ефикасни во тоа.

-Настаните како овој ни помагаат да ги доближиме вакцините и информациите за нив до локалните заедници. Вакцините се од суштествено значење во спасувањето животи. Тие се безбедни и делотворни и значително го намалуваат ризикот од тешка форма на болест и смрт. Вакцинирајте се за да се заштитите себеси, децата и вашите заедници. Примете и „бустер“ доза за да обезбедите континуирана заштита од сите варијанти на вирусот, рече Патриција ДиЏовани, претставник на УНИЦЕФ во Северна Македонија.

Освен настаните организирани како дел од караванот, граѓаните, исто така, може да се вакцинираат во најблискиот Здравствен дом секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот. Вакциналниот пункт во поликлиниката „Букурешт“ во Скопје е отворен до 20:00 часот од понеделник до петок.  

Министерството за здравство го почна караванот против КОВИД-19 со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ). Во продолжение следува листата со точно време и локации што ќе бидат посетени низ државата:

  • 21 март, 11:00-15:00 – плоштадот во Шуто Оризари
  • 22 март, 12:00-16:00 – плоштадот во Кратово
  • 23 март, 12:00-16:00 – плоштадот во Радовиш
  • 24 март, 12:00-16:00 – плоштадот во Струмица
  • 25 март, 12:00-16:00 – пазарот во Ново Село (Струмица)
  • 26 март, 11:00-15:00 – Скопје, ТЦ „Ист гејт“
  • 27 март, 11:00-15:00 – плоштадот во Куманово
  • 28 март, 12:00-16:00 – општина Липково, паркингот во село Матејче
  • 29 март, 12-00:16-00 – поштата во Арачиново
  • 30 март, 12:00-16:00 – општина Чучер Сандево, ОЈУ Партизански дом во село Сандево
  • 31 март, 12:00-16:00 – Зелениково, основно училиште „Марко Цепенков“
  • 1 април, 12:00-16:00 – општина Врапчиште, Центарот за култура во село Неготино
  • 2 април, 11:00-15:00 – Кичево, Центарот за култура
  • 3 април, 11:00-15:00 – Струга, новото шеталиште

Карван Ковид-19
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 4, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

ВЕСТИ June 4, 2026

Северна Македонија треба да покаже обновена политичка посветеност и поширока меѓупартиска соработка за да го…

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.