Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Карванот за вакцинација завршува денеска во Струга

0
By Biljana on April 3, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 3, 2022 08:16

По посетени вкупно 14 градски и рурални подрачја низ целата држава, во Струга денеска ќе заврши караванот за вакцинација против КОВИД-19.

Освен можноста да се прими вакцина против вирусот, медицинските екипи, Црвениот крст и студенти од медицински здруженија презентираа веродостојни информации за вакцинацијата и придобивките од неа, како и за ризиците од одложување на вакцинирањето.

Караванот за промоција на вакцинацијата како безбедна имунизација започна на 21 март во Шуто Оризари, а ќе заврши денеска во Струга, каде од 11 до 15 часот на новото шеталиште граѓаните ќе можат да се имунизираат против коронавирусот.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, речиси 41,2 проценти од вкупното население во земјава е вакцинирано со две дози, а со помош на Караванот пријавено е зголемување од над 11 отсто во просечниот дневен број на вакцинирани лица.

Во текот на вчерашниот ден регистрирани се 300 нови случаи на КОВИД-19, од вкупно 2.493 тестови. Оздравени се 197 лица, од кои 129 се од Скопје, а починато е едно лице од Битола на 71-годишна возраст во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.966.968 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.474, бројот на оздравени пациенти е 295.434, на починати е 9.227, а бројот на активни случаи изнесува 1.813.

Од следната недела се очекува Главниот координативен кризен штаб да ги прифати мерките предложени од Комисијата за заразни болести, која препорача да се укине мерката за носење маски за средношколците и повторно да се организираат училишни екскурзии во основните и средните училишта.

Овој предлог на Комисијата доаѓа откако Владата неделава ги усвои мерките за укинување на маските за учениците од основните училишта, настава со физичко присуство на факултетите, но со задолжително носење заштитна маска и максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот до 75 проценти, како и укинување на обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или прележаност во отворениот дел на угостителските објекти.

(Извор: МИА)

карван за вакцинација ковид вакцина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.