Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Касами со кривична пријава за Теута Арифи и за уште три лица за злоупотреба на службената положба

0
By НОВА ТВ Balaban on May 5, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешното раководство не реагирало навреме и не поднеле никаков приговор или договор со странката за да не го оштетат буџетот на општина Тетово, со единствена цел, да ги искористат евентуалните пазарења што можеле да се направат со странката, изјави Касами. 

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, денеска на прес конференција посочи дека поранешното раководство на општина Тетово буквално уништило сѐ и дека поднеле кривична пријава против поранешната градоначалничка Теута Арифи и нејзин близок функционер, против судија и адвокат, поради сомнение дека ги злоупотребиле службените овластувања и положба.

– Штетата што ја направија на тетовските даночни обврзници е неопростлива. На пример, само во еден случај кога вредноста на експропријацијата била 3 милиони денари, сега каматата за оваа сума е 65 милиони денари. Инаку, овој случај датира од 80-тите години, а повторно бил активиран во 2015 година, за кој сите судски одлуки се позитивни. Се сомневаме дека претходното раководство намерно не го обжалило решението,  за кое денеска општина Тетово плаќа камата и со тоа не само што се оштетува буџетот на општината, туку и на граѓаните. Затоа, денеска свикавме прес-конференција за да ја информираме јавноста дека ние како општина поднесовме кривична пријава против поранешната градоначалничка и нејзин близок функционер, против судија и адвокат,  поради сомнение дека ги злоупотребиле службените овластувања и положба, со што е оштетен буџетот на општина Тетово  во износ од 68 милиони денари. За  овој случај,  од добивањето на мандатот само за камати плативме над 29 милиони денари или приближно половина милион евра, вели Касами, објави телевизијата 21.

Според него, вредноста на овој предмет, којшто се однесува на имот чија експропријација била извршена многу порано,  била околу 50 илјади евра.

– Поранешното раководство не реагирало навреме и не поднеле никаков приговор или договор со странката за да не го оштетат буџетот на општина Тетово, со единствена цел, да ги искористат евентуалните пазарења што можеле да се направат со странката. Ние не сакаме да се претставуваме како жртва , ниту се обидуваме да шпекулираме за многуте пропусти и законски прекршувања направени во времето на претходните локални власти, туку само сакаме да ги откриеме фактите и аргументите. Се обидуваме да им објасниме на граѓаните каде завршиле нивните пари и зошто општината е во огромни долгови. Граѓаните имаат право да знаат зошто е блокирана сметката на Општина Тетово, а со тоа се кочи нормалното функционирање на локалната власт, вели Касами.

Касами вели дека од Јавното обвинителство се бара да го истражи овој случај и да ги констатира сите можни пропусти кои се направени, исто така и да се надомести финансиската штета што ѝ е нанесена на општина Тетово.
Касами Кривична пријава Теута Арифи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.