Со поголема придружба на свои приврзаници, Билал Касами денеска влегол во седиштетото на партијата БЕСА во Скопје лоцирано во трговскиот центар Мавровка.

Касами вчера поднесе кривична пријава во полициска станица затоа што не му било дозволено да влезе во просториите каде било ангажирано приватно обезбедување од страна на скопскиот огранок на БЕСА, кое пак смета дека тој е разрешен од лидерската позиција.

На посебен состанок, огранокот донесе одлука да го разреши Касами од лидерското столче на партијата и го постави пратеникот Каремани за привремен претседател се до одржување на Конгресот во февруари.

Дел од членството бара Касами да ја прифати одговорноста за поразот на локалните избори на кои и тој директно загуби во трката за градоначалник на Тетово.

Исто така оставка од позицијата потпретседател си поднесе Зекирија Ибраими кој ја загуби трката за градоначалник на Чаир.