Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кастриот Реџепи: Во важни моменти секогаш се наоѓаат пратеници кои гласаат државнички

0
By Mirjana on July 20, 2022 ИНТЕРВЈУ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 20, 2022 10:31
Независниот пратеник не по своја волја, како што вели, Кастриот Реџепи гласаше за заклучоците поврзани со францускиот предлог за преговарачка рамка со ЕУ. Со ова и на дело ја демонстрира својата про ЕУ – ориентација, што му беше клучен мотив, како што објаснуваше, во ноември минатата година да застане на страната на парламентарното мнозинство. Реџепи во интервју за НоваТВ, вели „во важни моменти секогаш се наоѓале пратеници што  ќе гласаат државнички“ прашан да коментира како власта ќе обезбеди 2/3 мнозинство за Уставните измени. Реџепи го прашавме и за тоа кој му овозможи засолниште во тие клучни моменти околу пребројувањето на парламентарното мнозинство и за тоа дали се чувствува безбедно тој и семејството по толку многу упатени смртни закани. 

НоваТВ: Пратениче Реџепи и на дело ја демонстриравте  ориентацијата кон ЕУ, она што беше клучно образложение во моментите на гласање доверба на Владата минатиот ноември, имено и сега гласавте за заклучоците за преговарачката рамка со ЕУ. Какво е вашето чувство? 

Особено ми е драго што се потврдија моите тврдења во ноември дека продолжувањето на ова мнозинство, доаѓањето на нови сили во соседна Бугарија и силната подршка на стратешките партнери ќе резултира со решение за деблокирање на нашиот пат за започнување на преговори со ЕУ. Сето тоа се овозможи со францускиот предлог кој и после завршувањето на нивното претседавање со ЕК ни даде можност веќе да ја имаме првата меѓувладина конференција која ја чекавме 17 години. Да бидеш дел од одлуки кои се за добро на народот и на државата, носи одлично чуство.
НоваТВ: Францускиот предлог предизвика големи турбуленции во јавноста, дел од неа смета  дека и се нарушени идентитетските атрибути како и  достоинството дека се врши бугаризација и асимилација. Дали вреди сето ова гледано од аспект на отворените преговори со Северна Македонија? 
Жал ми е што поедини партии само со цел доаѓање на власт по секоја цена, овој период ширеа дезинформации и лажни тврдења дека францускиот предлог ќе ги наруши идентитетските атрибути но, тоа не е вистина. Тоа не го кажуваме само ние од парламентарното мнозинство но и сите меѓународни чинители меѓу кои и Урсула фон дер Лајен во нејзиното обраќање пред пратениците во Собранието на РСМ.
НоваТВ: Кога сме кај Собранието, по оние познати настани поврзани со Вас,  дали ви е сега покомотно како независен пратеник ? 
Тука мора да нагласам дека статусот на независен пратеник не беше по мој избор но заради забрзаната нестатутарна одлука на претседателот на партијата. Тој и неколку луѓе блиски до него не беа спремни да го прифатат фактот дека јас како пратеник го искористив моето уставно гарантирано право за да гласам по мое сопствено убедување. Убеден сум дека и тие сега сфатија дека тогаш влегоа во една авантура со сили кои не им мислат добро ни на државата ни на народот и кои активно работеа да му наштетат на интеграцискиот процес во ЕУ нанесувајќи штета и на меѓуетничките односи градени со многу напор.
НоваТВ: И по толку време остана енигма ,каде бевте  Реџепи, во моментите кога власта и опозицијата се надбројуваа кој ќе го има мнозинството во Собрание? 
Во оваа прилика уште еднаш сакам да му се заблагодарам на мојот пријател што во тој ден ни обезбеди сместување на мене и моето семејство. Имајќи во предвид скорешните тензии и инциденти во Собранието се потврдува дека одлуката да не се појавам тој ден беше повеќе од исправна. Со цел да не го изложам и мојот пријател на поедини навреди останувам на ставот дека нема да ја откријам локацијата на мојот престој во ноември 2021.
НоваТВ: Ова ве прашав дотолку повеќе зашто ќе има нови уставни измени и ќе се создаде нова потреба за конципирање 2/3 мнозинство, па веројатно повторно ќе сме сведоци на нови пратенички прелети или напуштање на едно јато и летање соло во иднина? Што мислите може ли да предвидите како би се дошло до ова мнозинство,во услови кога опозицијата вели дека нема да ги гласа уставните измени за внесување на Бугарите кои живеат  во Северна Македонија?
Верувам дека пратениците ќе гласат за доброто на граѓаните и државата. Сите 120 сме народни пратеници на прво место. Партиите треба да покажат демократски капацитети и европски вредности и да дозволат пратениците да го подржат европскиот пат на дело. Сведоци сме дека во важни моменти секогаш се нашле пратеници кои и по цена на нивната кариера гласале државнички .
НоваТВ: Реџепи, своевремено информиравте за закани кон Вас и кон семејството. Дали се открија заканувачите, ги знаете ли и дали се чувствувате безбедно?
За жал освен челниците на мојата партија кои упатија навреди и напади  имаше и поединци што упатија и закани по живот. Истите ги пријавив на надлежните органи. Некои беа со лажни профили додека во еден случај лицето, заканата ја упати од личен профил. По истото се постапува од страна на обвинител. Верувам дека институциите ќе ги расчистат сите случаи кои би требало да бидат поука за сите кои вршат притисок и закани на пратеници со мандат.
За крај сакам да истакнам дека ниту заканите ниту притисоците нема да ме поколебаат во моите заложби во интеграциските процеси. Затоа апелирам на сите пратеници да се приклучат на каузата Европа21 која ја иницирав минатата година за сите колеги и од опозицијата да се сплотиме на патот кон ЕУ. РСМ сега е веќе полноправна членка на НАТО алијансата, нема друга алтернатива освен Европската Унија и нејзините вредности.
Мирјана Трпческа 
Реџепи интервју
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026Updated:June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

ВЕСТИ June 16, 2026

Неколку ирански бродови поминаа низ зоната на американската поморска блокада во Оманскиот Залив, според иранските…

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

June 15, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.