Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каталонската независност – како дојде до тука, и што следува

1
By Нова ТВ on October 27, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шпанската политичка криза се продлабочи овој петок, кога каталонската Влада конечно официјално прогласи независност – предизвикувајќи ја Владата во Мадрид да преземе конкретни чекори.

Борбата за Каталонија, најбогатата од шпанските 17 региони, ја вмеша една од најголемите европски земји во најлошата политичка криза, по обвновувањето на демократијата во 70тите години на минатиот век.

Започна со организирањето на каталонските лидери на референдумот за независност на први октомври. Тој референдум беше прогласен за незаконски од шпанскиот највисок суд и предизвика насилни судири со националната полиција.

Што се случи?

По недели на неизвесност, каталонската Влада водена од претседателот Карлес Пучдемонт гласаше во полза на еднострано прогласување на независност од Шпанија.

Гласањето дојде речеиси еден месец по одржувањето на референдумот кој беше прогласен за незаконски од шпанските власти.

Тоа беше кулминација на долгогодишните напори на каталонските сепаратисти.

Околу 90 отсто гласаа во полза на независноста на референдумот, но излезноста беше само 43 отсто. Сепаратистичкото движење длабоко ја подели Каталонија.

Што следува?

Набрзо по гласањето во каталонскиот Парламент овој петок, шпанскиот Сенат во Мадрид изгласа во полза на воспоставување директно владеење врз Каталонија, според одредбите од членот 155 од шпанскиот Устав. Овие одредби никогаш порано не биле применети.

Властите му дозволуваат на Мадрид да го отстрани Пучдемонт и неговите министри од власт, и да ги заземе функциите на регионалната администрација во Барселона.

Не е јасно како тоа ќе се случува во пракса, дали каталонскиот Парламент доброволно ќе ги предаде своите власти или официри на шпанската национална гарда ќе мора да ги отстрани со присила.

Каталонската најголема опозициска група ги повика државните службеници мирно да се спротивстават на наредбите од Мадрид.

Членот 155 од Уставот на Шпанија никогаш не бил искористен. Ѝ дозволува на централната влада да ја преземе контролата врз регионите, како Каталонија и Баскија, на кои им беа загарантирани слободи по падот на диктатурата на Франко во 1975 година, ако постапуваат надвор од законот или се заканат на националниот интерес.

Владата во Мадрид вели дека оди понатаму со примена на членот 155 за да ги заштити интересите на сите Шпанци, вклучувајќи ги и Каталонците.

– Шпанија е сериозна земја и голема нација и ние не смееме да го толерираме обидот на неколку луѓе да го занемарат нашиот устав – рече шпанскиот премиер Мариано Рахој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.