Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каталонија прогласи независност, Шпанија и ја укина автономијата

1
By Нова ТВ on October 27, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 27, 2017 17:46

Каталонскиот парламент денеска прогласи независност од Шпанија, а веднаш потоа шпанскиот Сенат ја укина автономијата на Каталонија и одобри воведување директна управа во тој регион.

Членовите на каталонскиот парламент ја донесоа одлуката на тајно гласање, кое го бојкотираа пратениците на опозицијата.

Парламентот гласаше за покренување конститутивен процес за одвојување од Шпанија, со 70 гласови „за“, 10 „против“, а двајца се воздржаа од гласање.

Голем број граѓани кои се собраа пред зградата на Парламентот во Барселона со овации ја поздравија таа одлука.

Само неколку минути откако каталонските власти прогласија независност на областа од Шпанија, Сенатот во Мадрид и одобри на Владата на шпанскиот премиер Маријано Рахој да воспостави директна контрола врз Каталонија.

За укинувањата на овластувањата на каталонските власти, 214 членови на шпанскиот Сенат гласаа „за“, 47 беа „против“, додека еден член беше воздржан.

Сега се очекува Рахој да да го повика кабинетот со цел да се усвојат првите мерки за власт над Каталонија. Мерките предвидуваат распуштање на Владата во Барселона и преземање директна контрола врз полициските сили во Каталонија.

Според Одлуката на Сенатот во Мадрид, ниту владата во Барселона веќе нема извршна надлежност во Каталонија.

По гласањето во каталонскиот Парламент, со кое областа прогласи независност од Шпанија, шпанскиот премиер Маријано Рахој повика на смиреност.

– Барам сите Шпанци да останат смирени. Владеењето на правото ќе ја обнови законитоста во Каталонија, наведе Рахој на неговиот Твитер налог, само неколку минути откако Каталонија прогласи независност.

Реакции за независноста на Каталонија

Каталонија прогласи независност но патот до вистинска Република Каталонија ќе биде долг. Првите реакции не се охрабрувачки за новата република. Претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск изјави дека за Брисел нема промени и главниот соговорник за ЕУ останува да биде Мадрид. Сепак, малку подоцна тој ја ублажи оваа изјава изјавувајќи дека од Мадрид очекува да ја користи силата на аргументите а не аргументот на силата. Очигледно е дека Туск и ЕУ не сакаат повторно да видат било какво насилство во Каталонија како што тоа беше случај на 1 октомври, денот на каталонскиот референдум кога полицијата испратена од Мадрид повреди над 800 лица обидувајќи да го спречи гласањето.

Реакција дојде и од Вашингтон кој изјави дека ја поддржува унитарноста на Шпанија

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

ВЕСТИ May 8, 2026

По протестите пред Министерство за култура и потоа и пред Уставниот суд, Синдикатот на култура на…

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.