Published: Monday, September 11, 2017 19:29
Илјадници Каталонци машираат низ улиците на Барселона за да го одбележат нивниот национален ден „Диада“ и да покажат поддршка за референдумот за независност – пренесува „BBC“.
Каталонската влада која е про независност, планира да одржи референдум на први октомври, и покрај тоа што Шпанија смета дека тоа е нелегално.
Каталонија со својот јазик и обичаи веќе има голема автономија. Во Каталонија има општо мислење дека премногу од даноците од еден од најбогатите региони на Шпанија, одат во Мадрид.




