Катар одговори на ултиматумот на Саудсиска Арабија, Бахреин, ОАЕ и Египет.
Според медиумите, Катар побарал од соседите да постапат според сопственото барање и да го намалат нивото на дипломатски односи со Иран, истото што го бараат од него.
Катар ја отфрлил можноста за затворање на турската воена база, и тоа го образложил со фактот што актите на Советот за заливска соработка не забрануваат таков вид соработка со другите земји.
На барањето за гаснење на Ал Џазира, Катар им предложи на соседите да постапат реципрочно и да ги затворат телевизиите како Ал Арабија и Ел Хадата, обете во ОАЕ.
Овие детали од катарскиот одговор се појавија за време на состанокот на министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Бахреин, ОАЕ и Египет кои одлучуваат за натамошните потези во врска со Катар.
Тие изразија жалење поради негативниот одговор на Доха и оценија дека Катар покажува недостаток на разбирање на сериозноста на ситуацијата, изјави египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Четирите арапски земји на почетокот на јуни ги прекинаат дипломатските односи со Катар и му воведоа санкции поради наводна поддршка на екстремистите и врските со Иран. Катар тие обвинувања ги отфрли.
На Катар на 22 јуни му беше поставен ултиматум со 13 барања и рок од 10 дена да одговори, но потоа тој е продолжен за уште 48 часа.




