Published: Saturday, September 27, 2014 11:18
Голем пожар избувна во Милацо рафинеријата во Сицилија.
Според првичните информации, горат милиони галони нафта и гориво, а на огнот му претходеше силна експлозија.
Како што јавуваат италијанските медиуми, никој не е повреден во пожарот. Пожарникарите од Милацо и Месина се на терен и се борат со огнот.
Властите тврдат дека ситуацијата е под контрола и дека локалните жители не треба да се плашат за своите животи.
Пожарот избувнал 45 минути по полноќ од засега непознати причини. Гаснењето на пожарот може да трае со часови, или додека горивото не изгори сосема, пренесуваат италијанските медиуми




