Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катругалос: Преименувањата се потег на негирање на иредентизмот

0
By Нова ТВ on February 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 7, 2018 12:59

Преименувањето на аеродромот и автопатот се потези на негирање на иредентизмот, изјави алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос во интервју за првата програма на грчкото државно радио, пренесува МИА.

На забелешката на новинарката дека „иредентизмот постои и во Уставот“, Катругалос објасни дека исто како што во минатото Грција реагирала негативно на иредентистички чекор, така сега реагира позитивно на потезите против иредентизмот.

– На симболично ниво, како што протестиравме и добро правевме, кога ги поставуваа спомениците на Александар Велики како примери за иредентизам, сега кога гледаме комплетно спротивно однесување, кога ги отстрануваат оние работи што се сметаат за симбол на иредентизмот, нормално е дека тоа ќе го поздравиме со аплауз. Тоа е спротивен симболичен потег, дека повеќе не го оспоруваат грчкиот карактер на Македонија, вели Катругалос во интервјуто.

За вчерашната изјава на македонскиот премиер Зоран Заев дека постои подготвеност за име со географска одредница, алтернативниот МНР на Грција вели дека тоа е многу важен чекор кон компримис.

– Штом господинот Заев изјави дека прифаќа сложено име покрива голем дел од патот за чесен компромис, затоа што таа е грчката позиција, како што беше формирана во 2007, а господинот Груевски и националистичкото раководство на соседната земја, во изминатата деценија ја отфрлаа и затоа ова е еден многу важен чекор, коментира Катругалос.

Во однос на веројатноста да се постигне решение, вели дека постои прозорец на можности, но без да се биде сигурен дека ќе се стигне до договор.

– Се уште сме далеку од тоа да кажеме дека ќе постои договор. Но, постојат позитивни точки што не прават да бидеме воздржано оптимисти дека би можеле да стигнеме до конечно решение што ќе биде заемно корисно, додава Катругалос, пренесува МИА.

иредентизам Катругалос преименувања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.