Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кавадарци добива Интервентен центар за времено згрижување жртви на семејно насилство, жртви на елементарни непогоди и лица со социјален ризик

0
By Marija Todorovska on March 19, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 19, 2024 13:03

Во завршна фаза е проектот за Интервентен центар за привремено згрижување на жртви на семејно насилство, жртви на елементарни непогоди и лица со социјален ризик во Кавадарци. Во увид на терен денеска беше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Станува збор за реконструкција и пренамена на постојан објект, од социјален карактер, што вклучува шест апартмани.

– Вкупната вредност за реализација на овој проект изнесува 6.322,282,77 денари со вклучен ддв од кои 3.376.361,00 денари се обезбедени од Биро за регионален развој и учество на Општина Кавадарци со износ од 2.945.921,77 денари, појасни градоначалникот.

Тој упати благодарност до ОБСЕ и другите донатори за опремување на објектот.

Задоволство од реализацијата на проектот изрази и Благица Коцева – Тодорова, претседателка на Здружението за родова еднаквост „Визија“, во чии рамки е Центарот.

– Сакам да ја изразам најпрво мојата благодарност до Општина Кавадарци која ја препознава нашата мисија и визија. Благодарност и за нивната неизмерна поддршка и ангажман за првиот регионален советувалиштен центар во нашата држава, а сега и Интервентен центар за згрижување на жртвите на семејно и родово базирано насилство, како и за сите други маргинализирани граѓани од ранливи категории, рече Коцева – Тодорова.

Таа додаде дека овој интервентен центар, заедно со веќе постоечкиот регионален советувалиштен центар, се алка која претставува значаен чекор напред во обезбедувањето на сигурно место за жртвите на семејно и родово базирано насилство. Тие сега имаат место каде што можат да ја добијат неопходната помош, поддршка и закрила, како и да го започнат процесот на опоравување и излезот од тешката ситуација во која се наоѓаат.

– Исто така, би сакала да искажам  благодарност и до Мисијата на ОБСЕ во Македонија за дадената финансиска поддршка во делот на опремувањето на центарот, како и до сите останати поддржувачи од бизнис заедницата во нашата општина кои придонесоа во реализацијата на овој проект, рече Коцева – Тодорова.

 

жртви на семејно насилство Интервентен центар Кавадарци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.