Вчера (24 јануари) од 06.00 до 09.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спороведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата, откриени и санкционирани се две возила (ГВ) со неисправни сопирачки, кои веднаш биле исклучени од сообраќај, а на возачите изготвeни им се соодветни поднесоци.

Покрај ова, санкциониранo е и 1 возилo-минибус (ТЕ) кое не поседувало адекватна лиценца, а санкциониран бил, исто така, и 1 друг вид сообраќаен прекршок (ТЕ).

Ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните и возилата без лиценци, кои вршат јавен превоз на патници