Речиси осум часа Народното собрание на Бугарија расправаше за предлогот за гласање недоверба на Владата, поднесен од ГЕРБ откако партијата „Има таков народ“ ги повлече четворицата министри од Владата на Кирил Петков.

Пратениците од владејачките партии и опозицијата со часови дебатираа дали финансиската и економската политика на Владата е успешна или не.

Гласањето за предлогот за смена на Владата на Петков ќе биде утре во 19 часот и 10 минути.