Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе го урне ли Талир 2 потписот на Катица Јанева?

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 17, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одбраната најави жалба во случајот Талир 2 поврзан со изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, кој неодамна доби судска завршница со неправосилна пресуда за двајца обвинети и за конфискација на имот на опозициската партија. Како еден од најсилните аргументи, според одбраната пред Апелацискиот суд е фактот дека датумот на поднесување на обвинението од 22 ноември 2018 година е со потпис на поранешната обвинителка Катица Јанева која е на издржување на затворска казна од седум години со правосилна пресуда во предметот „Рекет“.

Според одбраната Јанева по 30 јуни 2018 година, немала надлежност за постапување затоа што мандат на поранешното СЈО за поднесување обвиненија и за прибирање докази беше само 18 месеци, така што обвинението за Талир 2 е надвор од тие законски рамки.

Адвокатот Еленко Миланов кој ги спори и доказите на Обвинителството обезбедени од нелегално прислушуваните разговори, вели дека обвинението за Талир 2 од 22.11.2018 е дело на неовластен тужител и судот пред да стане пресудата правосилна тоа ќе мора да го почитува.

Во врска со прашањето на покренатите истраги на СЈО по 30 јуни 2017 година побаравме одговори од Врховниот суд, предводен од судијката Беса Адеми а во врска со Начелно правно мислење според кое поранешната обвинителка Катица Јанева е неовластен тужител во овој судски предмет.

Врховниот суд со начелниот правен став од јануари 2019 ги негираше сите постапки покренати по изминатиот рок од 18 месеци од законот за СЈО. Според ова обврзувачко правно мислење за сите тие постапки СЈО беше огласено за неовластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија.

Подоцна со новиот Закон за јавно обвинителство беа вратени и досиејата на СЈО кои беа во предистрага или во фаза пред обвинителен акт, а за кои Врховниот суд донесе одлука дека по 30 јуни во 2017 година обвинителско-судските институции не смеат да постапуваат.

Од Врховниот суд за Нова објаснуваат дека конкретното начелно правно мислење се однесува на одредба од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите објавен во „Службен весник на Република Македонија под број 159/15, кој престана да важи со денот на започнување на примена на новиот Закон за јавното обвинителство.

Оттаму, објаснуваат дека Начелното правно мислење на Врховниот суд не претставува автентично толкување бидејќи, како што велат, Собранието на Република Северна Македонија дава автентично толкување на законите.

– Начелните правни мислења и автентичните толкувања се два различни правни и законски институти. Исто така, во согласност со Уставот и законодавството, поднесувањето жалба на одлука од пониска судска инстанца до повисоката судска инстанца е право на странката. Секој, пред било која и да е судска инстанца, има право на еднаков пристап пред судот во заштитата на неговите права. Судот е должен да одлучува непристрасно со примена на Уставот и на законот врз основа на слободна оцена на доказите, се вели во одговорот на Врховниот суд на прашање на Нова по најавите на одбраната на Талир 2 дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Понатаму, од оваа највисока судска институција велат дека „немаат надлежност да се произнесе како да постапуваат пониските судови надвор од постапката по поднесен правен лек во конкретен предмет.“

– Но, доколку се исполнети законските услови, странката во врска со конкретен предмет има право да поднесе жалба на одлука и да поднесе вонреден правен лек пред Врховниот суд кој ќе постапи во согласност со своите уставни и законски надлежности, објаснуваат од Врховниот суд за Нова.

Секако, пред да се случи тоа ќе треба да се почека и на одлуката на Апелацискиот суд, но секако е јасно дека судот може да го примени и правното мислење донесено на општа седница на Врховниот суд за сите случаи во кои е спорно дали СЈО било овластен тужител бидејќи постапувало по истекот на роковите предвидени со тогаш важечкиот Закон за СЈО, иако специјалното јавно обвинителство беше самостоен орган формиран со посебен закон и со посебни специјални надлежности и овластувања, но и ограничувања.

Стојанка Митреска

 

Катица Јанева пресуда талир 2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.