Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе има нов колективен договор за администрацијата и судските служби

0
By Нова ТВ on November 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Финализирање на активностите за потпишување Колективен договор за административните и судските службеници, изедначување на судските службеници со останатите во делот на додатоци на плата, како и враќање на платите што им беа одземени за време на штрајкот во 2016 година, биле дел од темите за кои разговарале претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија со министрите за јавна администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски и за правда Рената Дескоска Тренеска, и нејзиниот заменик Оливер Ристовски.

-Најважен за нас е колективниот договор што за овие дејности не е потпишан од 1995 година, со кој ќе се регулираат правата на вработените и што е најважно ќе ги опфати и судските службеници кои десетина-петнаесет години беа настрана и никој не сакаше да разговара за нив. Сега со ова се создава можност да ги регулираме нивните права, да ги отстраниме штрајковите и протестите и конечно да се работи во мирна атмосфера, да ги зголемиме платата, да се измени Законот за судска служба или да се донесе целосно нов, со што ќе се регулира делот на додатоците на плата што до овој момент ги немаа единствено тие, рече претседателот на УПОЗ Пецо Груевски.

Министерот Манчевски, пак, потенцира дека и за нив е значајно потпишувањето на Колективниот договор. Тој потенцира дека претставници од министерствата за јавна админситрација и информатичко општество, за правда, за финансии и за труд и социјална политика, се дел од работните групи заедно со претставници на синдикатот и оти разговараат за конкретни решенија и потпишување нов колективен договор .

-Јас сум оптимист и се надевам дека до крајот на оваа година или најдоцна до почетокот на следната да  го потпишеме и да се обидеме да го задоволиме најголемиот дел од барањата на синдикалците. Се разбира не може се. За некои работи разговаравме, за некои се разбравме за некои се критикуваме и така треба да биде, рече Манчевски.

Тој додаде дека ги информирале претставниците на синдикатот за големите реформи во администрацијата за следната година, како хоризаонтална функционална анализа, која како што рече, треба да заведе ред во хаосот и во институциите, но и воведување високо административна служба за да се спречи политизација на јавната администрација.

Министерот најави дека се водат и разговори за зголемување на платите во администрацијата, но притоа не посочи детали.

– Можам да најавам дека во буџетот за следната година е предвидени средства за зголемување на плати во администрацијата, а во наредните денови ќе излеземе со конкретни податоци, рече Манчевски.

Заменик-министерот за правда потенцира дека за решавање на прашањето со одземените плати на судските службеници наредната ќе се одржи средба на која ќе се водат можните решенија. Потенцира дека Министерство за правда не е директно надлежно за враќање на тие средства, туку оти тоа е Судскиот буџетски совет.

администрација колективен договор Манчевски ССМ Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.