Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе изберат ли уставни судии пред да заминат на годишен одмор, за расправа се пријавиле 40 пратеници

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 20, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со политичка волја сè може да се направи, може да избереме уставни судии до почетокот на колективниот годишен одмор на пратениците во август, блокадите никому не му се во интерес, им порачува пратеникот Арбен Зибери на колегите пратеници од опозицијата во изјава за Нова, како одговор на нашето прашање за причините за застојот во работата на Комисијата за избори и именувања и неизвесноста дали Уставниот суд после неколкуте апели пратениците да си ги завршат обрските ќе може да функционира во полн состав барем од септември.

Пратениците досега за уставен судија го предложија Фатмир Скендер, актуелен судија во Апелацискиот суд Скопје, а расправа за предлогот на СДСМ Татјана Васиќ-Бозаџиева, се одржа на една седница на која опозицијата изнесе многу забелешки за предлогот велејќи дека Васиќ е одличен кадар за Уставен суд, ама како администратор кој стручно ќе помага во работата, а никако како судија со оглед на тоа што нема искуство што треба да го има избраниот уставен судија како што е професорката Родна Живковска која `и била ментор на Васиќ. Професорката Живковска не доби поддршка од владејачкото мнозинство и не беше избрана.

Арбен Зибери: Блокадите не водат никаде, треба да ги решаваме проблемите

– Пребродивме една криза со пандемијата, тогаш имаше застој во континуираното функционирање на законодавниот дом, така што сметам дека сега непотребни се било какви застои во работењето. Ако зборуваме дека сме во кризен период, не води никаде ако наместо да ги решаваме проблемите, одиме кон уште еден застој како што се барањата на опозицијата за предвремени избори, вели Зибери.    

Тој објаснува дека во расправата биле најавени дури четириесетина пратеници од опозицијата, а овој факт секако дека влијае на ефективноста на собраниската комисија која по речиси една година откако Уставниот суд работи со намален и недоволен број судии, на 13 мај годинава ја започна процедурата за избор на нови уставни судии.

Горан Мисовски: Очекувам да избереме уставни судии во разумен рок

– Очекувам да избереме уставни судии во разумен рок без да го попречиме правото на дебата, вели Горан Мисовски, потпретседател на Собранието.

Тој потсетува на разговорите со опозициските пратеници во кои имало начелна согласност да не се одолговлекува изборот на судиите за да се овозможи непречена работа на Уставниот суд.

На утрешната седница се очекува да продолжи расправата за предлогот Татјана Васиќ-Бозаџиева да биде уставен судија, па потоа следи расправа за останатите кандидати на опозицијата – универзитетскиот професор Саво Климовски,  судијата во пензија, Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид. На крај пратениците треба да ја заокружат комисиската расправа со предлогот на власта актуелниот јавен обвинител Љубомир Јовески да биде избран за член на Уставниот суд.

Откако Комисијата за избори и именувања ќе избере тројца кандидати, потоа треба да бидат изгласани и на пленарна седница.

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во обид да ја поттикне собраниската процедура за избор на судии неодамна се сретна и со шефот на државата Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот на Собранието Талат Џафери во врска со блокадата на изборот на четирите уставни судии и предупреди дека на државата `и се заканува уставна криза.

Добрила Кацарска предупреди на уставна криза

Уставниот суд од предвидените девет, работи без четворица судии на кои им истече мандатот. Во нецелосен состав е околу една година откако кон крајот на мај лани им истекоа мандатите на тројца судии – Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски. Кон средината на јануари годинава, пак, му заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски.

С.М.

 

 

Избор пратеници уставни судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.