НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе нè изгорат ли сметките за струја во јануари: МЕПСО денеска побара поскапување за 60 отсто, ЕВН дистрибуција за 100 отсто, власта смирува

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 16, 2021 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Нема да има зголемување на цената на струјата над 10%. Со ова изјава денеска министерот Крешник Бектеши донекаде ги смири бурните реакции кај граѓаните, откако неофицијално некои медиуми објавија дека новите сметки за струја ќе не изгорат затоа што ќе бидат повисоки за дури 40 отсто. Сега сите очи се вперени во Регулаторната комисија за енергетика која треба до крајот на декември да пресече колкава ќе биде цената на струјата за домаќинствата, откако ќе биде донесена одлука за тоа колку од трошоците на енергетските компании ќе бидат прифатени.

Електродистрибуција побара 100 отсто зголемување поради големите загуби во мрежата и високите берзански цени на струјата, а МЕПСО 60 отсто, како што за Нова ТВ денеска потврди директорот Куштрим Рамадани. Тој објаснува дека за покривање на трошоците направени поради загубите во мрежата ќе им бидат потребни 23, 4 милиони евра. Претходно, тие трошоци изнесувале од 6 до 7 милиони евра.

– Денеска го поднесовме до Регулаторната комисија барањето на МЕПСО. Во нашето работење не е ништо сменето, дури и сме подобри од претходно, но факт е дека поради зголемените цени на електричната енергегија на берзите се зголемува и висината на трошокот од загубите во мрежата за кој предвидуваме дека ќе изнесува до 23,4 милиони евра, кој е реален трошок, вели Рамадани за Нова ТВ. 

Во сметките за струја за домаќинствата МЕПСО учествува со околу 4%.

КАКВИ НОВОГОДИШНИ ЧЕСТИТКИ ЌЕ НИ ИСПРАТИ ЕВН?

Ако се земе предвид барањето на Електродистрибуција за 100 отсто зголемување поради големите загуби во мрежа и високите берзански цени на струјата, познавачите велат дека крајните пресметки би ни донеле за 34 отсто повисоки сметки за струја, но очигледно е дека власта има поинаков план кога најавува дека новогодишната честитка од ЕВН не би требало да биде поскапа од 10 отсто.

Виктор Андонов, владин советник за енергетика за Нова ТВ вели дека е неблагодарно е да се прават какви било пресметки сега кога се очекува и апликацијата од МЕПСО затоа што се уште нема целосна слика за трошоците на енергетските компании, настрана што е неизвесно и тоа колку од бараните суми за трошоци ќе бидат прифатени од Регулаторната комисија.

Сепак, изјавата на министерот за економија дека нема да се случат ценовни шокови, остава простор за оптимистични очекувања дека владината интервенција од 65 милиони евра може многу да помогне граѓаните да не го почуствувааат поскапувањето, како што се случи лани во јуни кога струјата за домаќинствата поскапе за 12,3%, но тогаш државата го намали ДДВ-то од 18 на 5%.

БУГАРИЈА ГИ ЗАМРЗНА ЦЕНИТЕ НА СТРУЈАТА И ПАРНОТО, МАКЕДОНИЈА ИНТЕРВЕНИРА СО 65 МИЛИОНИ ЕВРА

Министерот Бектеши денеска ја коментираше и одлуката на бугарскиот парламент да ги замрзне цените на парното и на струјата. Според него, овој потег на соседите значи дека Бугарија како членка на ЕУ преминала од либерализиран на регулиран пазар, а ние сме веќе на регулиран пазар што значи со замрзната цената.

–  Треба да имаме предвид дека Република Бугарија е членка на ЕУ и пазарот со електрична енергија е либерализиран, не е како во Северна Македонија и во одредени земји кои не се членки на ЕУ како што е Република Србија, Република Косово,… Замрзнувањето на цената на електрична енергија значи регулирање на пазарот со електрична енергија од страна на Република Бугарија, а тоа веќе се прави во нашата држава. Го направивме оваа година, ќе го направиме и наредната година, имајќи предвид дека иако ни е обврска да покриваме  60 отсто од потребите на универзалниот снабдувач, ние покриваме 100 отсто со регулирана цена, што значи замрзнување на цената,рече Бектеши.

На новинарско прашање дали се предвидува помош за да не се зголеми многу цената на струјата, министерот Бектеши појасни дека Владата веќе го сторила тоа со обезбедените 65 милиони евра за ЕСМ и МЕПСО, а наредната недела, како што кажа, планира да одвои уште околу 15 милиони евра за ЕСМ. 

– Јавно кажавме дека им помогнавме и на ЕСМ и на МЕПСО со 65 милиони евра за да се зголеми ликвидноста во ЕСМ, а секако и да се наплатат и повлекувањата на електрична енергија од европската мрежа од страна на МЕПСО што се направени во минатото. Следната недела дополнителни приближно 15 милиони евра ќе се вбризгаат во ЕСМ со цел да има ликвидност и во делот за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. При крај се пробите за целосно да се стави во функција ТЕЦ Неготино, каде ќе има дополнителен капацитет од 190 мегавати на час, рече Бектеши.

Според него со овие капацитети  со кои моментално работиме, целосно ги покриваме потребите на Универзалниот снабдувач.

– Хидрологијата е подобрена во овој период во нашата земја и ако не се случи некаква хаварија, испад на блок во РЕК Битола или, пак, во ТЕЦ Осломеј, и доколку со целосен капацитет работи ТЕЦ Неготино ќе има и вишок на производство на електрична енергија што ќе можеме да ја понудиме на слободниот пазар, во овој случај на големите потрошувачи, рече министерот за економија Бектеши.

И вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи тврди дека цената на електричната енергија по 1 јануари нема да се зголеми за 40 отсто.

– Гарантирам дека во јануари цената нема да се покачи на ниво на кое одредени медиуми или, пак, поединци сакаат да го покажат за да креираат страв кај народот. Ние како што докажавме на 1 јули и на 1 јануари ќе докажеме дека  цената ќе биде  најниска во целиот регион и ќе обезбедиме доволно електрична енергија за да продолжи да тече нормалниот живот онака како што треба – изјави Битиќи по отворањето на „Иновацискиот и бизнис форум Пеперутка“.

На прашањето, како што јави МИА, дали се размислува за укинување на дневната тарифа за евтина струја за да се одржи цената на ниско ниво, вицепремиерот истакна дека одлуката за цената ја донесува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

– Како Влада можеме да кажеме што сме спремни да направиме и да интервенираме од аспект на евентуално субвенционирање на одредени сегменти. Кажавме дека се што е потребно како евентуална поддршка и помош кон ЕСМ или МЕПСО ќе го направиме, другото останува на РКЕ да одреди  и да даде предлог кој што е одржлив, бидејќи тие ги знаат движењата и трошењата на електрична енергија во одредени временски периоди. Може да кажат да има кратење на периодот на евтината тарифа зашто имаат преглед дали се троши електрична енергија во тој временски пик или не. Ние сме отворени да зборуваме за тоа но не на штета на граѓаните – вели Битиќи.

Стојанка Митреска

Поскапување РКЕ струја цена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.