Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе падне ли договор за пратеничките прашања и европското знаменце ако ВМРО-ДПМНЕ бојкотира?

0
By НОВА ТВ Mitreska on May 6, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 6, 2022 15:49

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сè уште не донеле конечна одлука дали утре ќе присуствуваат на средбата во Маврово на која се очекува да биде отворено прашањето за измени во собранискиот Деловник, вели Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на опозициската партија.

Таа одлука, како што ни изјави Мицевски, пратениците ќе ја донесат попладнево.

На нашето прашање дали, ако сепак одлуката биде да не ја прифатат поканата на собранискиот претседател Талат Џафери, владејачкото мнозинство ќе се договори за измени во одредбите на Деловникот со кој се  уредуваат организацијата и функционирањето на парламентот и на работните тела на Собранието и во отсуство на опозицијата, Мицевски вели дека такво нешто не е можно.

– Ако зборуваме за парламентарна демократија, тогаш не е можно да се договараат измени на Деловникот без наше присуство, сепак да почекаме попладнево, па ќе ја соопштиме нашата одлука, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничките прашања, употребата на европското знаменце, блокирањето на комисиските расправи често пати се камен на сопнување за непреченото функционирање на Собранието, па оттаму пратениците се договорија да седнат во Маврово и да се договорат какви измени да направат за да нема непотребни расправии и губење време околу сите овие отворени прашања. Таков договор беше направен пред најавите на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на Собранието.

За утрешната средба во Маврово која била договорена пред два месеца, а се направени и резервации од кабинетот на претседателот на парламентот Талат Џафери кој денеска е во Тирана на конференција на претседателите на парламентите на Јадранско-јонската иницијатива, велат дека таа ќе се одржи. Во агендата е предвидено да се разгледува последниот предлог Деловник по одржаниот Трет дијалог „Жан Моне“ во Собранието. На оваа средба, како што информираат од кабинетот на Џафери, ќе присуствува и потпретседателот на Собранието Горан Мисовски и координаторите на пратеничките групи.

– Усогласениот предлог потоа, на следниот „Жан Моне“ дијалог ќе се разгледува во полн состав на работната група и европратениците, велат од кабинетот на Џафери.

ВМРО-ДПМНЕ, најави дека од 10 мај ќе го блокира Собранието, ако власта не го прифати предлогот за лидерска средба за датум за предвремени избори, а денеска добија поддршка и од лидерот на движењето Беса, Билал Касами. Тој изјави дека двајцата пратеници од Беса ќе `и се придружат на ВМРО-ДПМНЕ затоа што сметаат дека се неопходни предвремени парламентарни избори за да излезе државата од кризата и лошите политики на власта.

Инаку, вакви средби во рамки на процесот „Жан Моне“ за Деловникот претходно се одржаа во Охрид и во Скопје. (С.М.)

 

Жан Моне Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.