Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се легализираат дивоградби изградени до јануари 2021, со 50 до 100 отсто повисоки комуналии

0
By НОВА ТВ Balaban on December 23, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 23, 2021 12:48

За објект со површина до 80 метри квадратни висината на надоместот се зголемува за 50 проценти, како казна за бесправното градење, а за објект од над 80 метри се зголемува за 100 проценти.

Подготвен е нов Предлог закон за бесправно изградени објекти со кој предмет на легализација ќе бидат дивоградби изградени до 1 јануари 2021 година, со исклучок на тие што се изградени во границите на Охридскиот регион, заштитените подрачја, ….како и згради, доградби и надградби на згради, времени у помошни објекти.

Ресорниот министер, Благој Бочварски, денеска соопшти дека се предвидува скалест начин на пресметување на надоместот за легализација. За објект со површина до 80 метри квадратни висината на надоместот се зголемува за 50 проценти, како казна за бесправното градење, а за објект од над 80 метри се зголемува за 100 проценти. Во прилог на барањето, како доказ за бесправен објект ќе се земаат само предвид сметките за јавни услуги. Од надомест за легализација ќе бидат ослободени граѓани кои имаат до 180 илјади денари нето годишен приход.

-Ова е нов закон, различен од претходниот за кој јавноста реагираше и веднаш морам да потенцирам дека при креирање на овој закон заемени се во предвид речиси сите предлози  на граѓанските здруженија, коморите, асоцијациите и сите засегнати страни. Исто така законот го усогласивме и со другите државни институции и сметаме дека креиревме квалитетно законско решение со кое ќе се обидеме да ставиме крај на изградбата на бесправни градби и узурпацијата на просторот. Од друга страна, со законот нудиме и фер услови за сите оние граѓани кои претходно немале можност да ги легализираат своите домови, рече на прес-конференција Бочварски.

Со законот, како што информираше денеска ресорниот министер Бочварски, се очекува да се заокружи процесот на легализација на бесправни објекти во државата.

Бочварски соопшти дека нема да може да се легализираат бесправни објекти изградени во границите на Охридскиот регион, а за кои е утврдено дека не се во согласност со Планот за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, изградени во граници на заштитени подрачја и тоа Зона за строга заштита и Зона за активно управување, изградени во споменичката целина на Старото градско јадро на Охрид, изградени во подрачје на заштитено недвижно културно наследство, изградени во подрачје во кое се врши или е планирана експлоатација на минерални суровини.

Исто така, нема да се легализираат и дивоградби изградени во заштитни зони на аеродроми, изградени во зони на гранични премини во радиус од 100 метри од граничната линија, изградени на сообраќајници и на подрачја на кои со урбанистичките планови е предвидена изградба на објекти од јавен интерес утврден со закон, изградени во заштитен појас на државни и локални патишта и во заштитен појас на железничка инфраструктура, изградени на земјиште за кое во Катастарот на недвижности е запишано право на хипотека.  Не може да се легализираат  ниту згради како и доградби и надградби на зградите со намена А2, како и  сите видови на времени објекти (базени, гаражи), сите видови на урбана опрема и помошни објекти кои се во функција на друг објект.

Еден барател ќе може да легализира само еден објект. Во прилог на барањето, како доказ за бесправен објект ќе се земаат само предвид сметките за јавни услуги. И со ова, потенцираше Бочварски, не дозволуваме можни злоупотреби со изјавата на нотар, нешто што беше случај во претходниот закон.

-Во однос на надоместот за легализација е предвиден скалест начин на пресметување. За објект со површина до 80 метри квадратни висината на надоместокот се зголемува за 50 проценти, како казна за бесправното градење, а за објект со површина над 80 метри надоместот се зголемува за 100 проценти. Надоместот за легализација на електронски комуникациски мрежи ќе изнесува по 10 евра од метар изградена површина, рече Бочварски.

Тој информираше дека го зголемуваат опфатот на граѓани и целни групи кои нема да плаќаат надомест за легализација на бесправно изграден објект. Со тоа, посочи, излегуваме во пресрет на социјално загрозените лица и граѓаните со приходи до 180 илјади денари нето годишен приход, со тоа што овие категории граѓани ќе бидат ослободени од надоместот за легализација.

-Овој Закон е исклучително важен за решавање на правниот статус на голем број на инфраструктурни проекти низ државата, електронски комуникациски мрежи и кабелска канализација, преку поедноставена постапка која што ќе ја води Агенцијата за катастар на недвижности, потенцираше Бочварски.

Рокот за поднесување на барањето за легализација е шест месеци од денот на влегувањето во сила на законот.

Бочварски најави дека Предлог законот ќе биде доставен до Собранието и оти секој квалитетен предлог ќе биде анализиран и доколку постои можност ќе биде вметнат во законското решение.

-Нашата цел е да донесеме функционален закон со кој ќе го заокружиме процесот на бесправното градење во државата, истакна Бочварски.

благој бочварски Предлог закон за бесправно изградени објекти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.