Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се урива минарето на џамијата во Злокуќани – од скопското муфтивство зборувале со џамискиот одбор да нема тензии

0
By Mirjana on January 31, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изминуваат 15-те дена кои Општина Карпош им ги даде на верниците во Злокуќани сами да ја урнат бесправната градба на џамиското минаре. Подготовките се во тек, изјави за НоваТВ секретарот на скопското муфтивство Неџми Ферати.

– Имавме средба со џамискиот одбор и се договоривме да се урне минарето бидејќи е правено без дозвола за градба. Се сретнавме и со верниците им кажавме и се договоривме да нема тензии и да се урне минарето, изјави Ферати за НоваТВ. 

Пред неполн месец мештаните на Злокуќани алармираа дека во нивното соседство буквално, како што изјавуваа, преку ноќ се издигнало минаре и дека тоа нема да го дозволат дотолку повеќе што верниците кои го посетуваат и се населени околу објектот, за греење употребуваат неконвенционални материјали од гуми до стар паркет кои пуштаат отровни материи во воздухот од што ги печело во очите и грлото.

По овој аларм од мештаните, на терен излегоа од урбанистичкиот инспекторат на Општина Карпош, при што утврдија дека општината не им издала дозвола за градба на минарето, по што им беше издадено решение сами да го срушат бесправниот објект во рок од 15 дена и дека доколку не се случи тоа, ќе го известат државниот инспекторат за градежништво.

Што се однесува пак за џамијата во Средно Нерези, секретарот на скопското муфтивство Ферати во разговорот за НоваТВ не сакаше да зборува ништо.

– Сега зборуваме за минарето во Злокуќани, ни рече Ферати во телефонскиот разговор.

Инаку од инспекторатот на Општина Карпош неодамна известија дека  постапката за рушење на објектот во Средно Нерези е започната уште во јуни минатата година и дека веќе било издадено решение за отстранување на градбата.

– Општината Карпош треба да го урне објектот. Имаме Годишен план за отстранување на бесправно изградени објекти, кога според тој план ќе ѝ дојде редот и на оваа градба и таа ќе се урне,  информираа од Инспекторатот на Општина Карпош.

(М.Т.)

 

ЌЕ СЕ УРИВА МИНАРЕТО ЏАМИЈА ЗЛОКУЌАНИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.