Published: Tuesday, November 24, 2015 08:49
Терористички напад сличен на оној во Париз веројатно е неизбежен и во САД, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.
Во емисија на ТВ мрежата Ен Би Си, тој предупреди дека веројатно „не е прашање дали ќе има, туку кога“, додавајќи дека нападот евентуиално би го извршиле американски државјани.
Тој призна дека се оправдани критиките на сметка на администрацијата на Обама дека не реагирала навремено во борбата против Исламската држава.
Проценките на САД се дека треба да се очекува екстремистичките групи во Сирија и Ирак, следните денови да ги засилат нападите.




