НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кијив: Најмалку тројца убиени во масовен руски напад во регионот Харков

0
By Zoran Ivanov on August 5, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Три лица се убиени, а десет, меѓу кои и три деца, се ранети во руските напади во Украина во текот на изминатите 24 часа, изјави началникот на регионалната воена администрација на Харков, Олег Синегубов.

Тој рече дека шест села во регионот Харков биле нападнати. Во селото Лиман, општина Вовчанск, биле убиени жена на неодредена возраст и 49-годишен маж.

Синегубов додаде дека утрово, руските сили го нападнале и градот Лозова со 33 дронови. Во нападот бил убиен 55-годишен маж, а 10 лица биле ранети, меѓу кои 13-годишно девојче и 14-годишно момче.

Државниот железнички оператор изјави дека е нанесена штета на станицата и другите објекти во Лозова, транспортен центар во регионот Харков што се граничи со Русија.

Шефот на градскиот совет, Сергеј Зеленски, напиша на Телеграм дека тоа е најмасовниот напад врз градот од почетокот на војната. Тој рече дека снабдувањето со вода е прекинато во некои делови од градот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, го коментираше нападот.

Синоќа Русите лансираа балистичка ракета и речиси 50 дронови, од кои повеќето се руско-ирански Шахеди, против Украина. Многу од дроновите беа соборени од нашите бранители, но за жал имаше и удари, напиша тој на социјалната мрежа „Х“. „Екипите на Државната служба за вонредни ситуации работеа цела ноќ во Лозова, регионот Харков. Тука Русите погодија цивилна инфраструктура со повеќе од 25 ракети „Шахед““, додаде Зеленски.

 

напад руски Украина храков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.