Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, објави мапа на социјалните мрежи за која тврди дека го покажува точниот пат на влегувањето на беспилотно летало од Унгарија во украинскиот воздушен простор.
За слепите унгарски службеници: точната рута на вчерашниот упад на беспилотно летало од Унгарија во украинскиот воздушен простор. Нашите вооружени сили ги собраа сите потребни докази и сè уште чекаме Унгарија да ни објасни што правел овој објект во нашиот воздушен простор, напиша Сибиха.
Објавата следува еден ден по изјавата на унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, кој на Фејсбук рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „го губи разумот“ поради, како што оцени, антиунгарските чувства.
Според прелиминарниот воен извештај на Украина, беспилотното летало дошло од Унгарија за да го испита индустрискиот потенцијал на пограничните области.
Кијив и Будимпешта долго време имаат напнати односи. Унгарија е членка на Европската Унија и НАТО, организации кои ја поддржуваат Украина во нејзината војна против Русија. Меѓутоа, унгарскиот премиер Виктор Орбан е скептичен кон западната воена помош за Киев и одржува блиски односи со рускиот претседател Владимир Путин.