Генералштабот на вооружените сили на Украина денес објави дека украинските сили не се опколени во регионот Покровск, во Доњецк, на истокот од земјата.
Генералштабот објави на Фејсбук дека одбраната на Покровск продолжува и дека се преземаат мерки за блокирање на руските сили кои се обидуваат да се инфилтрираат и концентрираат во градот Покровск.
Продолжува активното спротивставување на обидите на непријателските пешадиски групи да ги зајакнат своите позиции, се наведува во соопштението, објави Укринформ.

