Published: Sunday, January 25, 2015 13:30
Министерот за млади и спорт во Централноафриканската република е киднапиран во главниот град Банги. Вооружени лица го киднапирале Армел Нингатолоум кога се враќал од црква, пренесува Ројтерс.
Ова е најновиот инцидент во земјата, откако во земјата беа киднапирани и членови на мисијата на ОН и француски хуманитарци.
Портпаролката на министерот, Татјана Јангеко соопшти дека тој при киднапирањето бил во возило со сопругата и нејзиониот брат, кога четири за сега непознати лица, со такси го пресретнале возилото, пукале во воздух и го киднапирале.




