Published: Tuesday, March 29, 2016 10:07
Освен седумтемина членови на екипажот и четворица странци, сите други патници од киднапираниот египетски авион се ослободени, соопшти компанијата „Еџиптер“, по преговорите со киднаперот. Тој, според претставници на авиокомпанијата, немал никакви барања.
Авион на оваа компанија со 81 луѓе принудно слета на аеродромот во кипарскиот град Ларнака, околу 8:30 часот по локално време.
Авионот Ербас А320 сообраќал на релација Александрија- Каиро. Според кипарски претставник, постои сомневање дека во авионот имало бомба.




