Украина ги блокираше денес сите популарни руски сајтови и руските социјални мрежи во рамки на санкциите против Москва.
Забраната дојде преку декрет на украинскиот претседател Петро Порошенко и се однесува на социјалната мрежа ВКонтакт (ВК) која е еден вид руски Фејсбук но и на пребраувачот Јандекс. Овие сајтови имаат повеќе милиони корисници во Украина.
Украинските корисници остро ја критикуваа оваа забрана која ја зајакнува економската војна но и војната на информации која се води меѓу Москва и Киев од анексијата на Крим од страна на Русија во 2014 година.
Портпаролот на Кремљ Дмитри Пешков изјави дека “ова е нова манифестација на непријателската и кусогледа политика кон Русија, уште една одлука како и другите која го нарушува правото на Украинците на бидат информирани”. Тој не исклучи можни санкции кон Украина.




