Службата за безбедност на Украина (СБУ) поднесе обвинение за воени злосторства против шефот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров.

СБУ на социјалните мрежи објави дека собрала „безусловни докази за воените злосторства извршени од Рамзан Кадиров“.

Покрај лидерот на Чеченија, собрани се и докази за воени злосторства извршени од заменик-шефот на одделот на руската Национална гарда за Чеченија Даниил Мартинов и еден од командантите на Националната гарда Хусеин Межидов.