Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Киев- стапува на сила законот за амнестија на демонстрантите

0
By Нова ТВ on February 17, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 17, 2014 09:31

Зградата на градското собрание во Киев која беше окупирана повеќе од два месеца ја напуштија демонстрантите.

Украинското обвинителство соопшти дека денеска треба да започне имплементацијата на законот со кој ќе се ослободат демонстрантите од кривично гонење.

Министерството за внатрешни работи потврдило дека демонстрантите го исполниле бараниот услов да го напуштат градското собрание што значи дека законот може да стапи на сила. Дел од демонстрантите се незадоволни од ваквиот потег и изјавуваат дека ја изгубиле револуцијата.

Двајцата опозициски лидери од Украина за денеска планираат нов политички потег, и тоа во Германија. Витали Кличко и Арсени Јаценјук ќе бидат примени во Берлин од канцеларката Ангела Меркел. Нивната намера е да замолат за поддршка од ЕУ, како што најави Јаценјук.

Опозицијата останува на барањата – одржувањето предвремени избори и донесување нов устав, кој ќе ги укине ингеренциите кои во последните години си ги присвои претседателот, и повторно поголеми права во одлучувањето ќе им се даде на пратениците.

Претседателот Виктор Јанукович засега не отстапува. Ситуацијата во Киев може повторно многу брзо да се заостри.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.