Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Киев: Задржаните украински морнари во Русија се воени заробеници

0
By Нова ТВ on November 26, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 26, 2018 17:13

Украинските морнари, кои Русија ги задржа при вчерашниот инцидент во близината на Крим, треба да бидат третирани како воени зараобеници, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин.

Тој нагласи дека украинската Влада разговара со Црвениот крст „за да се увери дека морнарите се третирани како воени заробеници“.

Претходно денеска портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков одби да соопшти дали Кремљ ги смета задржаните украински морнари за воени заробеници.

Инцидентот се случи вчера кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе да минат низ Керченскиот Проток. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со членовите на нивните екипажи.

Руската омбудсманка Татјана Москалкова денеска соопшти дека во Русија се наоѓаат 24 украински морнари, од кои тројца се ранети и се сместени во болница, но се вон животна опасност.

Украина од своја страна пак тврди дека при инцидентот се ранети шестмина украински морнари.

Климкин оцени и дека вчерашната постапка на Русија е во спротивност со меѓународното право и со конвенциите на ОН за поморско право и истакна дека руската акција „ќе биде осудена“ од Советот за безбедност на Светската организација.

Москва меѓутоа смета дека нејзините сили дејствуваше во согласност со меѓународното право и домашното законодавство. – Се работи за инвазија на странски воени бродови во територијалните води на Руската Федерација. Тие странски воени бродови влегоа во руски територијални води без да одговорат на барањата на нашите граничари и воопшто не реагираа на никакви повици, истакна Песков.

Шефот на украинската дипломатија најави и дека Киев планира да ги приспита договорите со Русија, истакнувајќи дека тие „треба да се преразгледаат од основа, заедно со сеопфатниот Договор за пријателство и соработка.

Русија и Украина имаат потпишано 375 договори за регулирање на односите и соработка. По, руската анексија на Крим и почетокот на конфликтот во источна Украина, примената на дел од овие договори беше стопирана.

Поради, вчерашниот инцидент украинскиот претседател Петро Порошенко денеска потпиша указ за воведување воена состојба во Украина до 25 јануари 2019 година, кој треба да го потврдат и пратениците во Врховната Рада.

Меѓутоа, според Москва, ваквата постапка на Порошнеко е поврзана со претстојните претседателски избори во Украина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.