Во руски воздушен напад врз четири области на Киев во текот на ноќта во неделата загина најмалку едно лице, а повредени се уште две лица, соопштија украинските власти, додавајќи дека пожар избувнал и во градинка.
За жал, имаме информации за едно лице убиено како резултат на нападот“, изјави воениот гувернер на Киев, Тимур Ткаченко, на Телеграм, додавајќи дека уште две лица се повредени.
Градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко, зборуваше од своја страна за нападите, вклучително и во градинка во областа Дњепарк.
Исто така, имаше извештаи за удари или остатоци што паѓаат од беспилотни летала што беа соборени врз станбени згради, според Кличко, кој побара жителите да останат во засолништа.
Украина ѝ предложи на Русија да се одржат нови разговори во текот на неделата, објави нејзиниот претседател Володимир Зеленски во саботата, неколку дена откако од својот американски колега Доналд Трамп обезбеди продолжување на испораките на оружје и муниција од Соединетите Држави.
Истиот ден, руските воздушни напади убија најмалку три лица во Украина, за време на уште една ноќ на напади со беспилотни летала и ракети. Во последните недели, руските ноќни напади станаа помасовни.