Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун го покани претседателот на Јужна Кореја, Мун Јае-ин да го посети Пјонгјанг.
Доколку ја прифати поканата претседателот на Јужна Кореја, ова би била прва средба на двајца корејски лидери по повеќе од една деценија.
Поканата на Јае-ин лично му ја врачила сестрата на Ким Јонг Ун, Ким Јо-џонг на состанок во претседателската палата во Сеул, во рамките на Зимските Олимписки игри кои годинава се одржуваат во Јужна Кореја.
Таа му порачала на Јае-ин да го посети северот најрано што може.
Таа воедно истакнала дека Пјонгјанг и Сеул би требало да се зближат во име на сите Корејци.