Published: Saturday, April 15, 2017 10:25
Северна Кореја му се закани на Доналд Трамп „да не презема провокативни акции“, бидејќи биле подготвени да возвратат со нуклеарни напади.
– Подготвени сме на сеопфатна војна да одговориме со иста мерка. Подготвени сме да возвратиме на нуклеарни напади во наш сопствен стил, изјави севернокорејскиот воен претставник Чо Рјонг-хе, пренесуваат јужнокорејските медиуми.
Војската на Северна Кореја се закани вчера дека „немилосрдно ќе ги опустоши САД“ доколку одлучат да ја нападнат земјата.
Неодамна аналитичари од опсерваторијата 38 Север рекоа дека Ком Јонг Ун планира нови тестирања, по што американски разузнавачи излегоа со став дека САД се подготвени да извршат превентивен напад по евентуално ново нуклеарно тестирање од Ким Јонг Ун.




