Лидерот на Северна Кореја, Ким Јунг-Ун го откажа патувањето во Москва за 9-ти мај на свеченото одбележување на победата над фашизмот.
„Тој не може да присуствува (во Москва). По дипломатски канали ни беше соопштена таа одлука. Поврзана е со внатрешнокорејски работи“, изјави за медиумите портпаролот на рускиот претседател Путин, Дмитриј Песков.
Патувањето во Москва требаше да биде првата посета на Ким Јонг-Ун во странство, откако претходно во јануари ја прифати поканата на Русија, којашто 2015 година ја прогласи за „година на пријателството“ меѓу двете земји.
За западните аналитичари, посетата на Ким Јонг-Ун на Москва значеше подготвеност на Пјонгјанг да ја намали зависноста од Кина, својот главен сојузник, и да се приближи кон Русија која му дава сé повеќе поддршка.




